Го допре дното – Роналдињо пред банкрот, му се заканува конфискација на имотот!

Бразилецот останал без пари, а поради дивоградба во Бразил сакаат да му го одземат имотот.

На крајот од својата кариера, играчите често не успеваат да најдат нов начин на заработка. Наидуваат на бројни проблеми, трошат пари и многу брзо прогласуваат стечај. За жал, истата судбина го снајде и Роналдињо, а работите да бидат уште полоши за легендарниот Бразилец, влезе и во судир со законот. 

Уште во ноември 2018 година, Роналдињо за првпат се појави на суд во Бразил. Потоа му бил одземен пасошот, а заедно со неговиот брат Роберто де Асис Мореира морал да плати голема казна за контроверзните работи на неговата хуманитарна организација. Бидејќи неговите сметки биле блокирани, властите му го заплениле луксузниот автомобил и неколку уметнички дела. 

На Роналдињо не му беше доволно да ги научи „правилата“ бидејќи случајот против него неодамна беше повторно отворен. Причината е дивоградба во заштитено подрачје. Пасошот повторно му бил одземен поради страв дека ќе го напушти Рио де Жанеиро, а бидејќи неодамна останал без пари на сметките на тамошните власти, биле принудени да му запленат два имота. 

Роналдињо и’ должи многу пари на државата, властите наредија да се проценат два негови имоти во Рио де Жанеиро и Гранде до Сул, сè со цел да му се исплатат долговите. 

Неодамна беше покрената уште една истрага против Роналдињо поради малверзациите околу компанијата „18K Ronaldinho“, која се занимаваше со криптовалути. Наводно, легендарниот фудбалер по тој повод заработил над 60.000.000 долари.