ВИДЕО | Страшни снимки се појавија од фронтот кај Бахмут на Интернет – војниците хаотично ги товарат телата на своите паднати соборци – вознемирувачко

На социјалните мрежи е објавено многу вознемирувачко видео снимено од фронтот во близина на источниот украински град Бахмут.

На видеото кое е снимено од извидувачки дрон, наводно се гледа како припадници на украинската Армија ги собираат телата на нивните паднати соборци по тешките битки. На видео-снимката се гледаат тројца војници како со голема брзина излегуваат од возилото и го ставаат телото на загинатиот војник во приколката.

Застрашувачки е што во приколката веќе има толку многу тела на загинати војници што е невозможно да се избројат.

Собирање на телата на загинатите припадници на вооружените сили на Украина во близина на Артјомовск (руското име за Бахмут). Собраа полн камион“, пишува во објавата под видеото на социјалната мрежа Телеграм.

Засега не се знае точно кога е направена снимката и нема потврда дека се работи за украински војници, а од Киев официјално не се изјасниле за видеото.