Гобер му се извини за инцидентот на Андерсон

Кошаркарот на Минесота, Руди Гобер, му се извини денеска на соиграчот Кајл Андерсон кого го удри за време на тајмаут на вчерашниот натпревар во НБА лигата против Њу Орлеанс, пренесуваат американските медиуми.

„Емоциите ме совладаа. Не требаше да реагирам на начин каков што реагирав. Им се извинувам на навивачите, клубот и особено на Кајл, кого исклучително го сакам и почитувам како соиграч“, напиша Гобер на својот Твитер профил.

Минесота го совлада Њу Орлеанс со 113-108 во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната.

Гобер за време на тајм – аут во втората четвртина го удри Андерсон по што клубот го отстрани од теренот.

Минесота во плеј-инот ќе игра против ЛА Лејкерс.