КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА? Ако ги чувствувате овие непријатности, не ги игнорирајте

Ракот на грлото на матката е еден од најчестите, подмолни и опасни видови на рак, а ова се главните симптоми.

Ракот на грлото на матката е вториот најчест тип на рак, веднаш по ракот на дојката , а неговата сложеност лежи во фактот што често не предизвикува симптоми додека не е предоцна за излекување.

Токму од тие причини е многу важно жените да одат на редовен гинеколошки преглед бидејќи на тој начин се откриваат разни болести, но и рак на матката во рана фаза.

Кога станува збор за ракот на грлото на матката , неговата рана дијагноза буквално може да ни ги спаси животите, а препознавањето и на најмалите промени во телото е исклучително важно, велат лекарите.

Експертите од Велика Британија за истражување на ракот наведуваат дека жените со рак на грлото на матката најпрво забележуваат вагинален исцедок кој мириса непријатно со придружна болка во пределот на карлицата. Исто така, исцедокот не е единствениот показател, а ова може да бидат некои од симптомите на рак на грлото на матката:

  • болка и непријатност за време на сексуалниот однос
  • вагинално крварење после сексуален однос, помеѓу менструации или после менопауза
  • болка во долниот дел на грбот или карлицата
  • силна болка во колковите или грбот
  • запек
  • често мокрење
  • губење на контрола на мочниот меур или дебелото црево
  • крв во урината
  • отекување на нозете