НОВИ ДЕТАЛИ- Кралицата Елизабета сакала да и помогне на Меган Маркл пред нејзината венчавка, но добила неочекуван одговор

Војвотката од Сасекс Меган Маркл наводно го игнорирала советот на кралицата Елизабета да побара поддршка од член на кралското семејство пред да се омажи за принцот Хари.

Според деталите од новата книга на Роберт Џобсон „Нашиот крал: Чарлс III – Откриен човек и монарх“, Меган Маркл го отфрлила советот на кралицата Елизабета Втора да се консултира со својата снаа Софи за тоа како изгледа кралскиот брак.

Кралицата наводно верувала дека Софи може да понуди квалитетни совети за кралскиот начин на живот, бидејќи таа, како и Меган Маркл, не е кралска личност. Инаку, Софи е поранешен директор за односи со јавноста, која се омажи за принцот Едвард во 1999 година и на тој начин стана војвотката од Ајндбург.

Сепак, се тврди дека Маркл го одбила предлогот на кралицата и и кажала дека го има Хари, кој ќе ја советува за кралскиот начин на живот.

Во книгата се појавуваат и некои други засега непознати детали од нивниот живот, како на пример приказната дека принцот Хари бил бесен на кралот Чарлс кога кралот одлучил повеќе да не плаќа ништо за останатите членови на семејството. Исто така, во оваа книга е наведено дека кралицата била разочарана од одлуката на Хари да го напушти семејството.