Хилари Свонк на 49 години роди близнаци и сподели фотографија со бебињата

Оскаровката Хилари Свонк на 49 години роди близнаци и среќната вест ја сподели со своите фанови.

Актерката на својот Инстаграм профил сподели фотографија со близнаците.

„Не беше лесно, но вредеше. “, напиша таа покрај фотографијата.

Следбениците ја преплавија актерката со честитки и убави желби во коментарите, а за само неколку часа објавата им се допадна на повеќе од 120 илјади фанови.

Покрај бројните фанови, на актерката и честитаа и и посакаа среќа и бројни познати личности и колеги.

“Благословена си, драга. Тоа беше најубавото патување досега. Многу сум среќна за сите вас”, рекла актерката Шерон Стоун.

Свонк го запозна Филип Шнајдер во 2015 година. Тој ја запросил една година подоцна, а во 2018 година се венчале на приватна церемонија во Калифорнија.

Хилари Свонк пред неколку месеци ја објави радосната вест дека станува мајка на 49 години, заедно со фотографии од трудничкиот стомак, како и ултразвук.