КЕЈТ МИДЛТОН ГИ ОБЈАВИ ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ ПО ТЕШКАТА ОПЕРЦИЈА: Еве зошто сите сега мислат дека нејзината состојба е полоша отколку што е (ФОТО)
Принцезата од Велс не можеше а да не го прослави Меѓународниот ден на жената . По тој повод на официјалните профили од неа и принцот од Велс беа објавени низа фотографии кои само им дадоа нов залет на гласините дека нејзината состојба не е добра по операцијата.
Кејт , која се опоравува од операцијата на која беше подложена во јануари, може да се види на фотографии со голем број инспиративни жени , но интересно е што сите тие се стари фотографии направени пред нејзината операција. Како што беше најавено претходно, принцезата нема да ја видиме дури по Велигден, односно крајот на овој месец.
Сепак, ова е првпат фотографии од принцезата да се споделуваат на официјалните канали од 31 декември. Потоа, на официјалните канали на кралската двојка беше направен фотографски преглед на настаните на кои таа и Вилијам присуствуваа минатиот декември.
Меѓу фотографиите што сега ги сподели Кејт е и нејзината средба со Сара Голдсон , која тренира момчиња и девојчиња за Вимблдон. Има и видео од неа со Бјанка Сакол, ко-основач на Sebby’s Corner Baby Bank, која ја посети во ноември, и друго со Др. Габи Ајда, извршен директор на Детската болница Евелина во Лондон.
Има и слика од Кејт и Вилијам како разговараат со професорката Уза Ивоби , основач на Race Council Cymru, со која се сретнаа на патување во Кардиф во октомври.
„ Среќен меѓународен ден на жената! Го славиме влијанието на неверојатните жени денес и секој ден. Ова се само дел од брилијантните жени кои нè инспирираа во изминатите 12 месеци “, гласи статусот на фотографиите.