Кејт Мидлтон зборува за принцезата Дијана: „Ни недостига, ќе беше сјајна баба“

Кејт Мидлтон ретко зборува за мајката на нејзиниот сопруг, принцезата Дијана. За време на нејзината посета на Велс, таа носеше дискретен прстен, а еден обожавател ја праша дали тоа е прстенот на Дијана.

Таа потврдила и додала дека не морала да го приспособува, туку дека е потполно со иста големина.

„Тоа е сосема со иста големина и е многу посебен. За мене е голема чест да го носам, но за жал немав можност да ја запознаам“, изјавила Кејт, пренесува Daily Mail.

Принцезата додала и дека мисли дека „Дијана би била сјајна баба“ и дека на кралското семејство му недостига.

„Никогаш немав шанса да ја запознаам, на семејството му недостига секој ден.

Да потсетиме дека во 2010 година, принцот Вилијам ја сврши принцезата Кејт со прстен од 12 карати со 14 дијаманти.