Кејт Мидлтон откри на што ја должи својата беспрекорна топ форма, малку неочекуван метод ги изненади сите
Кејт Мидлтон откри на што ја должи својата беспрекорна топ форма, малку неочекуван метод ги изненади сите
Кејт Мидлтон откри како ја одржува својата завидна топ форма, а изгледа дека не е се во добрите гени.
Британската принцеза Кејт Мидлтон е миленик на јавноста долги години. Многумина се воодушевуваат на нејзината беспрекорна линија, а сега таа откри која е нејзината тајна, поточно како ја одржува.
41-годишната Кејт е спортски градена и сака да поминува време на отворено, за што и самата зборуваше во едно од неодамнешните интервјуа за магазинот Cosmoplitan.
Во таа прилика таа призна дека во себе има натпреварувачка енергија, нешто што изгледа им го пренела на трите деца Џорџ, Шарлот и Луис кои исто така го сакаат спортот. Покрај тоа, таа се пофали дека е покровител на фудбалската рагби лига, а додека во една прилика разговарала со членовите на рагби репрезентацијата на Англија, открила на каков забавен начин ја одржува кондицијата со децата.
“Тоа е трчање по децата. Секогаш кога имам прилика да вежбам, го правам тоа. Дури и скокам на трамболина со децата пред училиште”, рекла Кејт тогаш.
Покрај тоа, принцезата вежба во отмениот клуб Харбор во Челзи, но се грижи и за исхраната.
„Кејт го сфаќа своето затегнато тело крајно сериозно. Таа наводно е љубител на кросфит и јога и секогаш наоѓа време во текот на денот да трча, ужива во велосипедот и повеќето од нејзините вежби ги прави без личен тренер“, изјави еднаш анонимен извор за Daily Mail.
Деновиве Кејт освои нови симпатии кај британската јавност по посетата на една градинка, додека нејзиниот девер, принцот Хари, се соочува со се погласни критики и сериозни прозивања поради неговата книга „Spare“. Во комбинација од црвен џемпер, здолниште и класичен капут, таа посети една локална градинка, каде одлично расположена се ракуваше со вработените пред да почне да се дружи и да си игра со децата, а овие фотографии ги воодушевија нејзините фанови.