Кејт Мидлтон се огласи

Принцезата од Велс, Кејт, се заблагодари на јавноста за нивните пораки за поддршка во нејзината прва јавна порака откако беше подложена на абдоминална операција во јануари.

„Ви благодариме за добрите желби и континуираната поддршка во изминатите два месеци“, напиша Кејт на платформата X.

Таа во пораката го честита и Денот на мајката кој денеска се слави во Велика Британија. Првата официјална фотографија од принцезата од Велс по операцијата е објавена денеска, на Денот на мајката, објави Sky News. Фотографијата, на која се гледа принцезата Кејт со нејзините три деца, е направена претходно оваа недела од принцот Вилијам во Виндзор.

Кејт не е видена во јавноста од Божиќ, кога се придружи на остатокот од кралското семејство на прошетка.

Кејт (42) на 16 јануари била примена во приватна болница во Лондон на операција, а по 13 дена се вратила дома. Палатата Кенсингтон тогаш изјави дека принцезата „добро закрепнува“.

Се очекува Кејт да се врати на официјалните кралски должности дури по Велигден.