Роналдо се извини што се фатил за меѓуножјето: Во Европа е тоа нормално

Португалецот Кристијано Роналдо пред реваншот од азиската Лига на шампиони се одрази на гестот поради кој е казнет поради неиграњето натпревар во саудиското првенство.

За време на мечот со Ал-Шабаб, тој го фати пределот на меѓуножјето свртен кон трибините кога беше испровоциран од противничките навивачи кои извика „Меси, Меси“.

Затоа и беше суспендиран.

Сега со ладна глава зборуваше за таа несоодветна псотупка.

„Не можам да ви ветам (дека нема да го повторам тоа), јас сум човек и ништо не е совршено, животот е направен од грешки, но човек треба да се труди да прави што помалку грешки во животот. Некои луѓе погрешно ги разбраа моите постапки и моите гестови секогаш се толкуваат така – погрешно. Она што го направив и за што бев казнет е погрешно разбрано. Ја почитувам земјата во која живеам, но ваквото однесување е нормално во Европа, а понекогаш и играта и ентузијазмот те занесува и после се чувствуваш лошо. Кој друг не греши? Но, не направив ништо намерно “, им рече Роналдо на новинарите пред реваншот од Лигата на шампионите со Ал-Аин.

Ал-Наср го загуби првиот натпревар на гости со 0:1.