„Кејт Мос е гаднa старa крпа“: Познатиот рокер се отвора за врската со манекенката

Пит Доерти и Кејт Мос беа официјално најжешката двојка во 2000-тите.

Рокерот кој се опоравува го посети Луис Теру во неговиот дом како последен дел од интервјуто и не требаше долго да се појави темата за неговата поранешна – со која имаше многу турбулентни односи.

Пит разговараше за неговите главни врски во минатото, од Кејт до ѕвездата на „Големиот брат“, Ники Греам, па дури и неговата добра пријателка Ејми Вајнхаус.

Кејт Мос зазеде посебно место за време на интервјуто и дури призна дека сè уште поседува еден од нејзините персонализирани дизајнерски куфери 16 години по нивното раскинување. Луис ја посети чудната резиденција на рокерот во малиот град Етретат во рурална Франција за неговата нова серија на Би-Би-Си и гледачите слушнаа што навистина не му се допаѓа кај неговата поранешна жешка девојка.

Пит ја запозна Кејт на нејзиниот 31 роденден во 2005 година и планираа да се венчаат во летото 2007 година, но парот се откажа неколку месеци порано. Пит нацртал нивна слика со помош на сопствената крв, која била продадена за 5.000 фунти во 2020 година.

Нивната разделба беше жестока, со тоа што Пит ја нарече Кејт „гадна стара крпа“ и ја обвини бившата дека ја запалила неговата сакана плишана Панда – тврдење на кое таа никогаш не одговорила.

Во оваа прилика, тој уште еднаш кажа дека сè уште поседува еден од персонализираните куфери на Кејт од британскиот луксузен бренд Asprey. На кафената кожна футрола стоеја зборовите: КАЈТ МОС – НЕ ДОПИРАЈ, а имаше и стара фотографија на која позира покрај колаж од Кејт во Националната галерија на портрети.

“Тоа е стар куфер во кој имаше многу работи. Не сум го отворил со години и бум! Кога го отворив, не допирајте… правите да изгледа како да го имам овој ормар полн со спомени од Кејт Мос.. Многу е веројатно“, се пошегува тој на Луис.

Тој откри дека неодамна ја видел Кејт во реклама и тоа го потсетило на нивното време заедно.

„Ја видов пред некој ден во реклама за Кока Кола. Тоа е она што го бара наутро, од нејзиниот асистент, а потоа дознав дека Доналд Трамп го прави истото и тоа малку ме одврати.

Луис потоа праша: „Што, таа пиеше кока-кола?

„Па, тоа постојано го нарачува од нејзинниот помошник.