– Русија погоди шест цивилни бродови, 150 пристанишни и житни објекти и уништи повеќе од 300 илјади тони жито откако во јули се повлече од договорот за безбеден извоз на украинска храна преку Црното Море, соопшти денеска украинската влада, пренесоа британските медиуми.
Дваесет и еден брод веќе биле натоварени со жито за извоз и го користат новиот хуманитарен коридор за жито во Црното Море што Киев го објави во август. Според украинската влада, вкупно 25 бродови влегле во украинските пристаништа за да бидат натоварени.