“КИЛИЈАН МБАПЕ ИМА ДОГОВОР СО МЕНЕ!“ – Претседателот на ПСЖ проговори за трансфер сагата: “Верувам само во едно“

Претседателот на ПСЖНасер ал Келаифи, на Шпанците им ги откри своите желби во врска со Килијан Мбапе.

Видете, не кријам ништо, сигурен сум дека сакам Килијан Мбапе да остане, за мене тој е најдобар во светот, а за мене ПСЖ е најдобар клуб за Килијан Мбапе. Тој е центарот на проектот“, изјави Насер ал Келаифи додека ги коментираше спортските резултати на ПСЖ.

Направивме многу работи, некои успеаа, а други не. Направивме грешки, тоа е нормално. Сега направивме млад тим, со многу французи, гледаме на долг рок, не сме во брзање. И задоволство е да се види овој тим. Играме фудбал, тие играат тимски, заедно се бранат, атмосферата е прекрасна“, вели Насер ал Келаифи.

Зошто се смени филозофијата на ПСЖ ?

Време беше за промена, да изградиме нешто ново. Во Париз го имаме најдобриот играч во светот, а денес сме еден од најдобрите клубови во светот. Четврти сме на ранг-листата на УЕФА. Кога пристигнавме во 2011 година, не знам ни каде бевме на ранг-листата. Мораме да продолжиме да работиме и работиме да ја освоиме и Лигата на шампионите. Можеби беше грешка што се изврши толкав притисок врз Лигата на шампионите. Фудбалот не е тоа едноставно“, вели Насер ал Келаифи.

Потоа Насер ал Келаифи повторно се врати на Килијан Мбапе.

Нормално е да се прашувам за него. За мене тој е најдобар на светот, имам многу добри односи со него. Тој е одличен не само како играч, туку и како личност. Килијан Мбапе има договор со мене. Преговори нема, но го мислам следново: Се уште е млад, сака да освои многу трофеи и верувам дека ќе го направи тоа со нас“, тврди тој.

Што мисли Килијан Мбапе и што бара ?

Нема да зборувам за бројки, тоа е договор меѓу господата. Сите зборуваат многу за Килијан Мбапе, мораме да го оставиме на мира. Тој го има најдобриот тренинг центар во светот, го има најдобриот тренер во светот. Тој игра во Лигата на шампионите секоја година и речиси секогаш сме во натпреварување, четвртфинале, полуфинале, финале. Ние сме тука. Лига 1 е многу променета, посложена и подобра е“, вели првиот човек на ПСЖ.

Претседателот на ПСЖ остави впечаток на човек кој верува дека Килијан Мбапе ќе остане во Париз.