Ким Кардашијан во ,жешко” издание! Тесниот фустан до подот ги истакна сите атрибути, а сите се прашуваат каде  ѝ  е долната облека? (ФОТО)

Познатата старлета Ким Кардашијан на еден настан се појави во фустан кој го одзема здивот.

Би можело да се каже дека Ким Кардашијан со годините го усовршуваше својот моден вкус, па го најде вистинскиот начин да ги истакне своите атрибути, а во исто време да изгледа убаво и секси.

Таа неодамна се појави на еден настан во Њујорк, што секако беше уште една причина да го покаже своето витко тело.

По големиот успех на филмот Барби, розовата боја повторно стана популарна, а неговата слава сè уште не стивнува, па Ким реши да облече фустан во таа боја.

Иако фустанот е целосно затворен, со ролка и долги ракави, па дури и се протега до подот, изгледа многу заводливо и секси.

Како аксесоари таа имаше само прстени, а „голите“ чевли одлично и’ прилегнаа на овој фустан „сирена“.

Сепак, фустанот е со таква боја и материјал што не може целосно да се процени дали старлетата всушност носи долна облека или не.