ВИДЕО | БРУТАЛНА ТЕПАЧКА НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ШТИП – Мажи и жени се тепаа пред многубројните деца – погледнете!

На градскиот базен во Штип односно „Aqua Bella Resort“ претходниот ден настанала брутална тепачка – се степале мажи, но во пресметката им се вклучиле и три жени.

Штипската локална телевизија Стар претходниот ден објави видео-снимка од тепачката, на која може да се види дека се тепаат и мажи и жени, а причините за инцидентот не се познати.

Многубројните деца кои биле присутни на базенот да се разладат од пеколните температури и останатите луѓе на базенот целосно збунето ја гледале тепачката и не можеле да разберат што се случува, а тоа јасно го покажува и видео-снимката.

Видеото објавено од споменатата штипска локална телевизија стана апсолутен хит на социјалните мрежи и за помалку од 24 часа има повеќе од 120.000 прегледи, а коментарите под објавата се осудувачки.

Погледнете го видеото од бруталната тепачка ОВДЕ!