Ким Кардашијан ги откри особините на идеален маж: Една од најубавите жени на светот изненади со очекувањата

Што бара една од најпосакуваните жени во светот кај партнерот? Списокот не е толку комплициран…

Ако сакате да се забавувате со една од ѕвездите на Кардашијан, подобро започнете да играте во НБА. Но, изгледа дека и најпосакуваните жени на светот немаат преголеми очекувања. 

Имено, Ким Кардашијан  во најновата епизода од реалното шоу ја откри својата листа на квалитети кои ги бара кај нејзиното следно момче.

Таа со пријателите разговарала за нејзиниот план на нејзината сестра Клои да и намести згоден актер кој ќе присуствува на истата модна ревија како нив, а потоа открила што бара од партнер.

„Број еден: Да ме заштитиш. Број два: Да се ​​бориш за мене. Број три: Добра хигиена. Мислам, не треба ни да го нагласувам тоа. Број четири: дека е мирен. Петка: Да нема проблем со мама или тато. Шест: Да е трпелив. Седум: Да ме поддржи. Да биде искрено среќен за мене. “, продолжи таа, додавајќи: „Добри заби.

Да е спонтан и забавен“, продолжи таа. „Моите пријатели и семејството мора да го сакаат. Ми треба некој кој може да биде пример за моите деца, особено некој на кој ќе можат моите деца да се огледаат. Да е повисок од мене, да е некој што сака да вежба, да е мотивиран, независна личност која не е приврзана и да е со добар вкус.