Ким Кардашијан е критикувана за костимот на нејзиниот син: Децата во Палестина изгледаат вака секој ден
Ким Кардашијан е на удар на фановите поради костимот на нејзиниот син Сент за Ноќта на вештерките.
Имено, тој позираше како „зомби верзија“ на фудбалерот Нејмар Јуниор. Неговиот пријател се „облече“ како Лионел Меси.
Тие беа покриени со лажна крв и многумина сметаат дека тоа не е соодветно во овој момент, додека Израел бомбардира цивили во Палестина.
„Децата во Палестина изгледаат вака секој ден“, „Болни и вознемирувачки“, се дел од коментарите на оваа објава.
Ким се уште не се изјаснила за овие критики. На својот профил објави и неколку свои костими за Ноќта на вештерките – се облече како кукла Братц, Шер од филмот „Clueless“ и Салма Хајек од филмот „From Dusk Till Dawn“.
Ким неодамна стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако го помеша знамето на Палестина со знамето на Бразил.
Бидејќи конфликтот на Блискиот Исток моментално е во фокусот на светската јавност, десетици следбеници на TikTok почнаа да го испраќаат палестинското знаме. Нејзината ќерка Норт го забележала и прашала за какво знаме станува збор.
“Тоа е Бразил. Од таму е Нејмар. Во моментов зборуваме за фудбалски работи”, одговори Ким.