КИМ КАРДАШИЈАН КУПИ КУЌА од соништата! Таа се отвори по разводот – „Забавите и децата се се што ми треба“

Ким Кардашијан ја купи куќата од соништата, и откри дека ќе ја среди во стилот – „пола забава, пола деца“.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека ја купила куќата од соништата, по разводот со раперот со кој има четири деца.

Ким Кардашијан (42) за новата локација на својот дом го избрала Малибу, а куќата моментално се реновира според нејзините детални упатства, открила старлетата во една емисија.

 Купив куќа, тоа е мој сон долго време. Малибу е локација која отсекогаш ми била убава и сакам само да уживам, не можам да верувам дека ја постигнав целта за која што мислев дека не е реална“, рече Ким .

Кардашијан и Канје Вест се разведоа во ноември минатата година, а имаат четири деца – десетгодишната Норт, седумгодишниот Шон, петгодишниот Чикаго и четиригодишниот Псалм.

“Куќата ќе биде – половина деца, половина забава. Тоа ќе биде најлудото место за моите деца, но и за децата на моите сестри”, рече таа.

Кардашијан го купи огромниот имот во кој се наоѓа вилата која моментално ја реновира, а не откри колку платила за својот дом од соништата.