ЗОШТО ЗАПАДОТ НЕ ПОМОГНА ПОРАНО? Зеленски даде ексклузивно интервју, откри што ја забавило контраофанзивата

Претседателот на Украина зборуваше за „Си-Ен-Ен“ за контраофанзивата, која е забавена.

Украинската контраофанзива е „забавена“ од зацврстената одбрана на Русија, рече претседателот Володимир Зеленски во ексклузивно интервју емитувано во средата, додавајќи дека посакувал испораките на оружје од Запад да дозволиле да започне „многу порано“.

Во интервју за Си-Ен-Ен во Одеса, Зеленски рече дека во некои делови од земјата, неговата армија „не може ни да помисли да започне“ напади против руската армија , бидејќи таа нема „релевантно оружје“.

„ Благодарен сум на САД како лидери на нашата поддршка, но им кажав, како и на европските лидери, дека би сакале порано да ја започнеме нашата контраофанзива и дека ни треба оружје и материјал за тоа. Зошто? Едноставно затоа што ако почнеме подоцна, ќе оди побавно “ .

Украинскиот лидер додаде дека тешкотиите на бојното поле сега водат кон „забавена“ контраофанзива.

„Сакав нашата контраофанзива да се случи многу порано, бидејќи сите разбраа дека ако контраофанзивата биде подоцна, поголемиот дел од нашата територија ќе биде минирана . На нашиот непријател му даваме време и можност да постави повеќе мини и да ги подготви своите одбранбени линии“.

Украинските власти постојано рекоа дека додека контраофанзивата е во тек, главниот притисок допрва доаѓа.