Одлука од која се плаши цел свет.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун издаде нови наредби за големите фабрики за оружје, вклучително и оние што произведуваат мотори за стратешки ракети и беспилотни летала, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.
Ким, исто така, посети фабрики кои произведуваат гранати за ракетни фрлачи и лансер транспортери, тип на возило што може да истрела балистички проектили.
Тој даде инструкции за зголемување на производствениот капацитет на фабриките со цел зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.
Северна Кореја го засили развојот на стратешко оружје, вклучително и балистички ракети со долг дострел и беспилотни летала, и ги покажа своите најнови ракети и беспилотни летала на големата воена парада на крајот на јули.
Со воената парада беше одбележана 70-годишнината од крајот на Корејската војна, а тој ден во Северна Кореја се слави како Ден на победата. Потоа Ким се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и двете страни потврдија дека ќе продолжат да ги зајакнуваат врските. Покрај руската делегација, на парадата присуствуваше и кинеска делегација предводена од Ли Хонгџонгас, член на Политбирото на Кинеската Комунистичка партија.