КИМ ЈОНГ УН ГИ ПРЕТСТАВИ НОВИТЕ НУКЛЕАРНИ централи РАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ: „Имаат нешто помоќно, тоа е загрижувачко!“

Северна Кореја претстави нови, помали нуклеарни боеви глави, а лидерот на таа земја Ким Џонг Ун го посети Институтот за нуклеарно оружје и повика на зголемување на производството на тој тип оружје , објави денеска севернокорејската државна агенција КЦНА.

Ким Џонг Ун истакна дека непријател на Северна Кореја не е која било земја или одредена група на луѓе, туку самото војна и нуклеарно уништување, пренесува Ројтерс.

Според него, политиката на проширување на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја е насочена исклучиво кон одбраната на земјата и регионалниот мир и стабилност.

Фотографиите од новите, помали нуклеарни боеви глави, наречени Хвасан-31 , објавени од KCNA предизвикаа загриженост кај експертите, пишува Ројтерс.

 Имаат нешто помоќно на помал простор. Тоа е загрижувачки –  изјави Сух.

Џорџ Вилијам Херберт, вонреден професор на Американскиот институт за меѓународни студии за неширење во Мидлбери, рече дека фотографиите сугерираат дека нуклеарното оружје на Северна Кореја „има подобрена големина и можеби понапреден дизајн“.