ВИДЕО | Во Велика Британија се преврте камион со скапи суперавтомобили

Британската полиција минатата недела добила дојава за превртен камион со приколка што превезувал неколку суперавтомобили.

Несреќата се случила на А20 во близина на Фарнингем во Кент, недалеку од познатата патека Брендс Хеч. Камионот се превртел од неразјаснети причини, како и неговата приколка со суперавтомобилите.

На видеото се гледаат Lamborghini Aventador, Jaguar F-Type, две Ferrari, Mercedes-AMG GT, Nissan GT-R, Aston Martin и BMW, додека Bentley Continental заврши на покривот надвор од приколката.

Возачот на камионот се здобил со полесни повреди и наводно успеал да избегне сериозни последици како и другите учесници во сообраќајот и покрај штетата.