Ким Јонг Ун им се заканува на соседите: „Северна Кореја не ја исклучува можноста да ја ОКУПИРА ЈУЖНА КОРЕЈА“

Северна Кореја не ја исклучува можноста да ја окупира Јужна Кореја, откри севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Во говорот по повод денот на основањето на севернокорејската војска, тој додаде дека доколку непријателите на Северна Кореја се осмелат да употребат сила, Пјонгјанг ќе донесе „храбра одлука што ќе ја промени историјата“ и нема да се двоуми да ги мобилизира сите расположливи ресурси, објави новинската агенција.агенција.

– Не толку одамна, нашата партија и влада ја сумираа историјата на поделба и конфронтација на нашиот народ, ги дефинираа корејските марионети (во Сеул) како најштетни и непроменливи непријатели на нашата земја и донесоа национална одлука да ја окупираат и смират нивната територија во случај на вонредна состојба. Тоа е главна мерка за вечната безбедност на нашата земја и мирот и стабилноста во иднина – рече Ким .

Тој истакна дека вооружените сили мора да станат помоќни и да се користат за да се спречи војна и безусловно да се заштити мирот.

Корејскиот полуостров технички сè уште е во војна, бидејќи борбите меѓу Сеул и Пјонгјанг завршија со примирје во 1953 година.

Северна Кореја и Јужна Кореја никогаш не склучиле мировен договор.