„Ким Јонг Ун се обидува да дојде до технологија за да изврши нуклеарен напад“

Прерано е да се заклучи дека Северна Кореја поседува технолошка способност да изврши напад со крстосувачки ракети со нуклеарен врв.

Ова денеска го изјави портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши.

„Се чини дека Северна Кореја сака да се здобие со технологија што ќе ѝ оневозможи да изврши напад со крстосувачки ракети со нуклеарно оружје“, рече Хајаши на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека е неопходна внимателна анализа за веродостојно да се заклучи дали официјалната Понгјанг поседува таква технологија.

На 2 февруари, Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети, како и нови ракети земја-воздух во близина на нејзиниот западен брег, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Ова е четврто лансирање ракета на Северна Кореја за нешто повеќе од една недела.