Ким Џонг Ун уште еднаш му даде целосна поддршка на Владимир Путин: “Ја поддржуваме Русија во светата и безмилосна борба!“
„Народот на Северна Кореја изразува целосна поддршка и солидарност на рускиот народ“, изјави во понеделникот севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, а пренесуваат тамошните државни медиуми.
Ким Џонг Ун му испрати честитка на рускиот колега по повод рускиот национален празник и уште еднаш ја поддржа Русија откако започна агресијата врз Украина.
Во соопштението објавено од севернокорејската медиумска агенција KCNA не се споменува инвазијата на Украина или учеството на Москва во вооружениот конфликт, но се пофалени – „добрата одлука и лидерство на Владимир Путин да ги запре растечките закани на непријателските сили“.
„Ја поддржуваме Русија во светата и безмилосна борба за одржување на сопствениот суверенитет, развој и интереси на својата земја“, се вели во соопштението и се споменува конфликтот против западните, империјалистички сили, поточно против Соединетите Американски Држави.
Северна Кореја и Ким Џонг Ун во исто време ја осудија западната воена помош за Украина, како и уште еднаш негираа сопствена помош за ракетите и оржјето на руската паравоена група Вагнер.