Кина го откачи Трамп: Лудило на ТикТок, судбината на популарната мрежа сè уште неизвесна

Кина денеска ја отфрли понудата на американскиот претседател Доналд Трамп да и’ даде тарифни отстапки во замена за продажба на апликацијата TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, на некинески купувач.

„ТикТок“ е под закана дека ќе биде забранет во САД, доколку нејзината кинеска матична компанија „Бајт Данс“ не се согласи да го продаде својот удел во своите операции во САД.

„Кога станува збор за TikTok, Кина постојано го изразуваше својот став. Позицијата на Кина против наметнување дополнителни царини е исто така кохерентна и јасна“, рече Гуо Диакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

tramp03 EPA Jim Lo Scalzo Pool.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би можел да ги намали тарифите за Кина за да помогне во затворањето на договорот за продажба на TikTok, кој е под закана од забрана во САД.

„Кина ќе треба да игра улога во продажбата на апликацијата, можеби ќе треба да ја одобри, а тие ќе им дадам малку намалување на тарифите“, рече Трамп синоќа, говорејќи во Белата куќа.

Тој ова го изјави вчера кога најави нови увозни тарифи од 25 отсто за сите автомобили и автоделови кои влегуваат во САД. Овие царини беа додадени на долгата листа на царини што американскиот претседател ги користи во неговите трговски и политички преговори со други земји, пишува агенцијата Франс прес.