КИНА ГРАДИ МОЌНО ВСЕЛЕНСКО ЛЕТАЛО ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ВСЕЛЕНАТА: Познати детали од амбициозниот план на Пекинг

Кинеското вселенско летало од следната генерација кое може да носи седум астронаути би можело да го направи својот прв лет во 2027 или 2028 година.

Пекинг започна со вселенски лет со екипаж во 2003 година, кога поранешниот пилот на борбен авион, Јанг Ливеи, беше испратен во орбитата со мала капсула Шенжу 5.

Ливеи беше првиот Кинез во вселената и беше поздравен како херој од милиони дома.

– Новата генерација на вселенски летала ќе се користи во лунарните мисии со екипаж за изградба на нашата вселенска станица и за истражување на вселената – рече Јанг.

Неодамнешните тестови на капсулата за враќање на вселенското летало од следната генерација беа многу успешни, а првите летови се проценува дека ќе се случат помеѓу 2027 и 2028 година, рече Јанг, моментално заменик-главен дизајнер на кинеската компанија за развој на летање со екипаж.

Кина го тестираше вселенското летало од новата генерација за прв пат во 2020 година.

Откако кинеската вселенска станица стана оперативна кон крајот на минатата година, фокусот се префрли на проектот за испраќање астронаути на Месечината до 2030 година, а инженерите неодамна открија повеќе детали за тој план – од типот на ракета-носач што ќе се користи до вселенското летало и друга опрема.

Сегашното кинеско вселенско летало Шенжу, базирано на рускиот Сојуз, може да носи до тројца астронаути во ниската орбита на Земјата. Се состои од модул за одржување во живот и погон и модул во орбитата за краткотраен престој на луѓе, односно капсула за нивно враќање на земјата.

Новата генерација на вселенски бродови со екипаж ќе се состои од само два дела – погон и модул за враќање – за да се овозможат поголеми модули и поголема носивост до седум луѓе.