СИНАТА ПТИЦА „ОДЛЕТА“: Твитер од денеска има ново лого, а веќе нема ниту „твитање“

Милијардерот Илон Маск го претстави новото лого „Х“ кое ќе ја замени познатата сина птица на „Твитер“.

„Х“ почна да се појавува на десктоп верзијата на Твитер, но птицата се уште е присутна на паметните телефони. Маск изјави дека терминот „tweeting“ исто така ќе се промени во „ixing“.

Тоа е уште една во низата промени што ги воведе Маск откако го купи „Твитер“.

Маск ги праша корисниците за нивните размислувања за новото лого и избра едно што го опиша како „минималистичко“. Иконата на својот Твитер профил ја замени со бело „икс“ на црна позадина.

„Наскоро ќе се збогуваме со брендот „Твитер“ и постепено, со сите птици“, напиша Маск на Твитер.