Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Кина и Филипините се договориле да ги намалат тензиите по една година несогласувања околу Јужното Кинеско Море, кои ја зголемија загриженоста за можно избивање вооружениот конфликт во регионот.
Во соопштението на Министерството се вели дека двете страни се договориле да продолжат да ја подобруваат комуникацијата и да ги користат преговорите за решавање на сите спорови околу морето.
„Двете страни имаа искрени и продуктивни разговори за деескалација на ситуацијата во Јужното Кинеско Море и двете страни се согласија на мирно решавање на инцидентите, доколку ги има, преку дипломатски канали“, се вели во соопштението на филипинското Министерство за надворешни работи.
Во ноември, официјална Манила ја обвини кинеската крајбрежна стража дека заедно со придружните бродови во спорните води извршила опасни маневри и со водени топови нападнала филипински брод за снабдување.
Споровите во Јужното Кинеско Море се сметаат за потенцијални жаришта на судири. Неколку земји тврдат дека ги поседуваат правата на морската територија во тој регион, вклучувајќи ги Брунеи, Малезија, Виетнам и Кина.