Директор на мултинационална компанија вредна десетици милијарди долари испрати алармантна порака: “Европа нека се подготви…“

Прекините во поморскиот транспорт на Црвеното Море ќе ги зголемат цените на стоките за широка потрошувачка, особено во Европа, нагласи во вторникот извршниот директор на мултинационалната логистичка компанија DP World.

Финансискиот директор на компанијата со седиште во Обединетите Арапски ЕмиратиЈуврај Нарајан, очекува дека најголемиот товар на поскапувањата поради прекините во транспортот ќе падне на грбот на потрошувачите во Европа.

Цената на стоките што доаѓаат од Азија во Европа ќе биде значително повисока“, изјави Јуврај Нарајан на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос.

Европските потрошувачи ќе ги почувствуваат последиците… Тие ќе бидат потешки во развиените економии отколку во економиите во развој“, додаде првиот човек за финансии на логистичката компанија.

Се зголемуваат и премиите за осигурување од воен ризик за пратки кои патуваат низ Црвеното Море, изјавија во вторник извори од осигурителната индустрија.

Контејнерските бродови чекаат пред влезот во Црвеното Море или избираат подолг пат, околу ‘ртот на добра надеж на југот на Африка.