ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО – Спречил да му го украдат автомобилот пред неговата куќа: Камерата ја сними бруталната физичка пресметка на сопственикот со четворица крадци

На видеото до кое дојдоа медиумите, сопственикот на Infiniti успева со физичка сила да ги спречи крадците да му го украдат автомобилот

Полицијата ги повикува граѓаните да преземат мерки на претпазливост за да спречат кражби од секаков вид, откако еден сопственик на автомобил беше фатен на камера како се бори со четворица крадци во Роки Хил, Конектикат. Властите сè уште трагаат по осомничените откако сопственикот бил пренесен во болница по инцидентот.

На видеото до кое дојдоа локалните медиуми, сопственикот успева со физичка сила да одврати четворица крадци да не го украдат автомобилот. Сè започнува кога едно лице се обидува да украде црвен Infiniti, по што избива тепачка помеѓу четворицата осомничени и сопственикот. Потоа доаѓа една жена и вика „Повикувам полиција!“.

Во тој момент сите четворица напаѓачи со црн мерцедес побегнале од местото на настанот . Нешто изненадувачки, ниту еден од напаѓачите не помислил да тргне со автомобилот што беше во фокусот на нивните активности за време на судирот. Со инцидентот се справила локалната полиција.

„Фала му на Бога што не беше сериозно повреден. Гледаме многу инциденти како овој низ државата и земјата каде што луѓето интервенираат и осомничениот може да има оружје“, рече наредникот на полицијата во градот Роки Хил, Џефри Фос-Руган .

„Имаме многу алатки на располагање за да се обидеме да ги лоцираме овие осомничени и знам дека е многу тешко кога ќе видите луѓе кои провалуваат во вашите автомобили “, продолжи тој. Советите на Фос-Руган до луѓето се едноставни: „Мораме да ги држиме нашите гаражи заклучени. Мораме да ги чуваме вредните предмети надвор од автомобилот“. Полицијата се уште не ги фатила осомничените, но истрагата е во тек.