– Кина во четвртокот лансира сателити за набљудување на земјата од класата Јаоган со способности за далечинско набљудување во вселената.
Третата група сателити „Јаоган-39“ беше лансирана од сателитскиот центар Шичанг во покраината Сичуан со ракета „Лонг марч 2Д“, јави кинеската новинска агенција.
Лансирањето беше 490. мисија извршена со ракети „Лонг марч“.
Кина ја лансираше првата група сателити „Јаоган-39“ во вселената на 31 август, а втората група на 17 септември.
Јаоган на кинески значи „далечинско набљудување“.
Според некои западни извори, сателитите од класата Јаоган се користат за воени разузнавачки цели и се контролирани од Силите за стратегиска поддршка на Кинеската народноослободителна армија, која е одговорна за вселената, киберпросторот и електронското војување.