Кина денес лансира група сателити за далечинско набљудување во вселенатa.
Ракетата-носач „Лонг Марч-2Д“ од домашно, кинеско, производство е лансирана со три сателити од семејството „Јаоган-36“ од Центарот за лансирање сателити „Ксичанг“, во југозападната провинција Сечуан.
Според вестите на кинеската новинска агенција „Синхуа“, сателитите се пратени кон претходно одредени локации во орбитата.
Лансирањето е 480-ти лет на ракетата-носач „Лонг Марч“.