Кинезите се во голем проблем – им паѓаат цените

Дефлацијата дополнително ја поткопува можноста за брзо излегување на Кина од кризата

Потрошувачките цени во Кина паднаа за 0,5% на годишно ниво во ноември, што го забрзува падот од октомври кога цените паднаа за 0,2% на годишно ниво, соопшти Кинеското Национално биро за статистика.

Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа потрошувачките цени во Кина да паднат за 0,1% на годишно ниво во ноември.

Во ноември цените на храната паднаа за 4,2% на годишно ниво, додека растот на цените на непрехранбените производи во истиот период изнесуваше 0,4%, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Националното биро за статистика на Кина.

Годишната стапка на базичната инфлација во Кина се зголеми за 0,6% на годишно ниво во ноември, исто како и во октомври.

– Дефлацијата во Кина се продлабочува поради падот на цените на храната, нафтата и слабата домашна побарувачка – коментираат аналитичарите на „Citi“, пренесува CNN .
Влошувањето на дефлацијата фрли дополнителен сомнеж за економското закрепнување на Пекинг.

Кинеските креатори на политики неодамна ветија дека ќе воведат фискални и монетарни мерки за стимулирање на домашната економија.