Играчите прославија победа, а потоа почнаа да ги гаѓаат со лопати: Погледнете го хаосот во Бугарија

Лудогорец вчера извојува една од најважните победи во последните неколку кола од бугарскиот шампионат, а на натпреварот имаше и инцидент.

Имено, додека играчите на Лудогорец го прославуваа голот за победа, околу нив се формираа голем број луѓе со официјални акредитации на кои тоа не им се допадна.
Иако не е јасно како поминале покрај интервентната полиција која го подели теренот и трибините, сепак успеале во својот план.

Некои играчи на Лудогорец ги гаѓале со топки, а некои ги заплашуваа и навредуваа.

Сепак, некои отидоа и чекор подалеку земајќи лопати за снег и фрлајќи ги по играчите за време на прославата. Еден успеал да ги удри фудбалерите.

Инаку, Лудогорец како гостин го доби дербито против ЦСКА од Софија со резултат 1:0, со гол во лудо продолжение во 107. минута.

Воедно стигнаа до домаќинот на првенствената табела и продолжуваат со ловот на лидерот Черно Море од Варна.