– Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу денеска за време на неговата посета на Минск изјави дека Кина ќе ја зајакне воената соработка со Белорусија, близок сојузник на Русија.
Тој денеска се сретна со белорускиот претседател Александар Лукашенко и рече дека „целите на неговата посета на Белорусија се спроведување на важни договори на ниво на шефови на држави и натамошно зајакнување на билатералната воена соработка“.
Ниту една од двете страни не ги соопшти деталите за таа соработка, но се договорија следната година да одржат заеднички воени вежби.
Ли ја посети Русија непосредно пред да замине за Белорусија.
Белоруските сили не учествуваат во војната во Украина, а Лукашенко денеска изјави дека воената помош на Кина нема да биде насочена против трети земји.
– Мораме да ги обезбедиме нашите држави и нашите граѓани, рече тој. „Ние сме апсолутни поддржувачи на мултиполарен свет, територијален интегритет и единство на границите и териториите воспоставени по Втората светска војна.
Кина тврди дека е неутрална во војната меѓу Русија и Украина и постојано повторува дека нема да испраќа оружје на ниту една страна во војната, но ги обвини САД и нивните сојузници дека ја „провоцираат Русија“. Пекинг одржува блиски економски, дипломатски и трговски односи со Москва.