Кинеските компании продолжуваат да доминираат на листата на Fortune Global 500

Американскиот трговски ланец Walmart е на чело на листата

Кинеските фирми продолжија да доминираат на овогодинешната листа на Fortune Global 500.

На листата, објавена во средата, беа вклучени 142 кинески компании, што ја прави Кина петта година по ред пред САД во однос на бројот на компании ставени на листата.

Американскиот малопродажен синџир Walmart е на чело на листата, а по него е саудискиот нафтен гигант Aramco благодарение на скокот на цените на енергијата во светот. Помеѓу првите десет рангирања се најдоа China State Grid Electric Corporation (на 3-то место), China National Petroleum Corporation (на 5-то место) и кинеската нафтена компанија Sinopec (на 6-то место).

Вреди да се напомене дека на листата се наоѓаат дури девет кинески компании од областа на автомобилската индустрија. BYD и компанијата Contemporary Amperex Technology се пласираа меѓу 300-те најсилни компании благодарение на технолошките иновации и откритија во областа на возилата кои се напојуваат со нови извори на енергија.

Кога станува збор за приходите, 500-те компании на листата лани оствариле вкупен приход од 41 билион долари, што претставувало повеќе од една третина од светскиот БДП и претставува раст од 8,4 отсто во споредба со минатата година. Сепак, нивниот кумулативен профит падна за 6,5 отсто под влијание на неповолната економска ситуација на целата планета.