Кирби: САД многу внимателно ја следат ситуацијата во Габон

– САД се длабоко загрижени за тоа што се случува во Габон, каде војската денеска објави дека ја презела власта, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби.

Тој додаде дека САД „многу, многу внимателно“ ја следи ситуацијата.

– Мислам дека е премногу рано ова да се нарече тренд, посочи Кирби.

Тој додаде дека САД ќе останат фокусирани на „промовирање на демократијата на континентот“.

Доколку биде успешен пучот во Габон, тоа ќе биде осми воен удар во Западна и Централна Африка од 2020 година.