Селекторот на македонската ракометна селекција, Кире Лазаров по победата над Грција го даде првиот коментар
-Делумно сум задоволен, не беше воопшто лесно тоа е квалитетна репрезентација, Грција вложува многу. Некои нивни играчи беа и под импреси, првпат играа пред толку публика на гости.
Мислам дека можеме уште малку подобро, но кога играта дома нормално имаме подрашка, но и притисокот е поголем, мора да победувата и тоа разбирање го имам за играчите. Ни недостигаше Пешевски и Никола Марковски кои се повредени, тоа беше мал хендикеп.
Мораме да се снаоѓаме, знаеме какви противници не чекаат. Спортот, ракомето оди напред. Ние имаме талент, имаме желба и се надевам ќе бидеме со подобри. Ние напредуваме, но другите напредуваат дупло повеќе. Нашите национални тимови во сите спортови зависта од клубовите. Ние имаме добри 6,7 клуба и треба да се вложува во кадар и во млади играчи зошто така само може да има успех, заклучи Лазаров.