Ќерката на Брус Вилис сподели фотографија која ги крши срцата на неговите фанови

Откако се дозна дека на легендарниот Брус Вилис прво му била дијагностицирана афазија, а потоа и фронтотемпорална деменција, обожавателите будно ги следат сите објави на неговите бројни членови на семејството.

Освен сопругата на Брус, Ема Хеминг Вилис, во објавите на социјалните мрежи често за неговата состојба известуваат и неговите три ќерки од бракот со Деми Мур – Румер, Скаут и Талула.

А во првите денови од 2024 година, на Инстаграм се огласи средната ќерка на Брус, Скаут, одбележувајќи ја изминатата 2023 година со своите драги фотографии.

Меѓу нив е и онаа со нејзиниот татко, на која Скаут лежи на градите на Брус и го гледа нежно и насмеано, додека тој со раката ја допира по лицето.

Од фотографијата јасно се гледа дека Брус лежи во кревет, покриен со чаршаф, а истата ги открива и бројните тетоважи на горниот дел од неговото тело, меѓу кои се и имињата на најмалите ќерки, Мејбел и Евелин, кои ги доби во бракот со Ема.

Извори блиски до семејството неодамна потврдија дека неговата состојба се влошува, а семејството се плаши колку време им останува со него.

„Брус има добри и лоши денови, но во последните два месеци имаше многу повеќе лоши денови отколку добри“, изјави извор за „Us Weekly“.