Клоп: Сега знам зошто до вчера го немав гледано финалето од Париз, Анчелоти не беше во право

Ливерпул и Реал Мадрид утре повторно ќе ги вркстат копјата во една елиминациска фаза во Лигата на шампионите, што воедно значи дека во осминафиналето ќе гледаме две репризи на минатогодишното финале од Париз.

„Кралскиот клуб“ тогаш беше подобар и поуспешен за еден гол и освои нова титула во најелитното натпреварување, поради што Јирген Клоп е свесен дека на неговиот тим ќе му бидат потребни два специјални меча за да се справи со најискусниот тим во овој турнир.

– Играме подобро на последните два меча и фановите ќе очекуваат многу од нас. Сигурен сум дека притисокот од „Енфилд“ ќе ни помогне. Мора да одиграме супер натпревар, или поточно, треба да одиграме два супер специјални натпревари за да поминеме понатаму. Ова е Лига на шампионите, станува збор за специјално натпреварување.

– Сега ќе биде поразлично од финалето, сега се играат два меча. Реал Мадрид е еден од најголемите во светот и вчера го гледав финалето од Париз. Го немав гледано од тој ден кога загубивме, а сега знам зошто го немав гледано. Сепак, сега морав да го изгледам. Имавме добар меч, но не успеавме да победиме. На тој меч посебно до израз доаѓа искуството на Реал Мадрид. Тие не се сомневаат во искуството дури и кога противникот има шанси. За тоа, може комотно да учиме од нив.

– По финалето, слушнав дека Карло Анчелоти изјави дека точно знаел што ќе правиме. Сметам дека не беше во право, ние требаше да победиме на тој натпревар. Карло е еден од најрелаксираните тренери кои сум ги запознал во животот и една од најдобрите личности. Тој е супер интелигентен и затоа многу го ценам и почитувам, – изјави Клоп на пресот.