Книгата вратена во библиотека по повеќе од 100 години: Случајно пронајдена, преживеала пожар (ФОТО)

Ваков случај досега не се случил

Книгата „Познати композитори“ по 104 години е вратена во библиотеката Сент Пол во Минесота.

Жител на округот Хенепин ги средувал старите работи на роднина кога наишол на книгата. Од ливчето од библиотеката што се наоѓала во неа се гледа дека е позајмена во 1919 година.

Координаторот на дигиталната библиотека Џон Ларсон изјави дека во својата 25-годишна работа никогаш не наишол на ваков случај.

Ништо слично не се случило претходно

– Се случуваше книгата да биде вратена по 20 или 30 години, но никогаш не се случило да поминат повеќе од 100 години.

Ларсон ги истражувал ознаките на книгата и открил дека таа првпат била наведена во каталогот на библиотеката во 1914 година, точно една година пред пожарот на плоштадот Стариот пазар, каде што била сместена библиотеката.

 

Библиотеката, како и многу други, престана да наплатува доцни такси во 2019 година.