Изборите се ближат. Заедно со изборите се ближи и крајот на владеењето на казиномените. Затоа и изопаченоста на власта, алчноста и нагонот за да грабнат што повеќе од парите на граѓаните излегува од контрола!
Денеска неслучајно сме во Старата Чаршија затоа што е вистински момент да се алармира дека Чаршијата, од културен центар, симбол на наследство и добрите семејни традиции, чесна работа на еснафот, од универзитетски центар, денес е во опасност да се претвори во центар на коцкање, па следствено во центар на несигурност, страв и симбол на злото.
Денеска сме тука да ја повикаме совеста на алчните владетели дека казината – кои станаа симбол на оваа власт во заминување, додека ги полнат џебовите на функционерите и нивните семејства, како малигна болест ни ги јадат и ни ги рушат нашите семејства, нашата младина, нашата иднина!
Почитувани, „поларната мечка“ навистина ни тропна на нашите врати – но преку парите и валканите трансакции на српско-руските олигарси, кои стојат зад мега индустријата на казината и коцкањето.
Има ли уште дилеми зошто Александар Вучиќ е загрижен за албанската политика во Македонија?! Денес, додека парадираат низ албанските населби и калдрмата на Чаршијата, ние јавно ги потсетуваме уште еднаш дека потрошените 6 милиони евра за дополнително зајакнување на казино индустријата преку софтвер за апаратите за коцкање, би биле 6 милиони евра повеќе за софтвер за студенти, за дигитализација на образованието без книги, за уште поголема санација на Чаршијата, за изградба на улици, градинки, училишта, библиотеки, културни центри и слично.
Со овие 6 милиони евра одобрени со потпис на кој друг ако не жртвата на Артан Груби – Перпарим Бајрами, сумата што ја инвестира ДУИ во коцкање достигнува 46 МИЛИОНИ ЕВРА за само четири години!!! Немајте никаква дилема – зад тврдењето за „дислокација на казината“ всушност се крие само стратегијата на нивно дополнително зајакнување, и запечатување на нивното присуство во нашите животи! Додека се обидуваат да не измамат со наводни планови за затворање на казината, казиномените, скриени зад фасадата на европското знаме, инсталираат коцкање во секој дом – правејќи го дел од нашата култура, дел од нашето едуцирање, дел од нашиот менталитет! Алармот е вклучен – демонтирањето на овој режим започна и ќе се финализира на 24 април и 8 мај!
Ова е вистинското лице на ДУИ, завиткано со убави зборови, големи ветувања, и нормално со многу патриотски елементи. Повикувајќи се во име на народот, впрочем се случува најголемото бришење на националната и историската традиција на албанците само за да се збогати Артан Груби преку неговиот курбан Перпарим Бајрами.
Почитувани, не постои подобар момент за тестирање на подршката на овие политики и одлуки. За ова се изборите. Затоа, јавно го повикуваме тандемот Артан Груби-Перпарим Бајрами, фатени за рака, да излезат пред народот и во име на казината да го бараат нивниот глас и подршка. Легитимитетот во демократијата се црпи од гласот на граѓанинот. Дали има подобар начин отколку токму граѓанинот да им го даде одговорот на политиките на казината, Соравија, Лотарија, Еуровија и на многу други девијантни појави кои секојдневно ја уништуваат нашата младина.
Промената започна. Заедно со промената доаѓа и правдата, и немајте дилема, таа секако ќе тропне и на ваша врата.
Ардијан Демири од Коалицијата ВРЕДИ