Ковачевски: До крајот на годината инфлацијата ќе се намали на 6 отсто

Премиерот Димитар Ковачевски најавува дека со мерките што ги презема Владата ќе се овозможи намалување на инфлацијата во земјава, пренесува Телеграф Македонија.

Со сите мерки што ги преземаме, јас сум голем оптимист дека до крајот на годината ќе успееме да ја доведеме инфлацијата под шест проценти. Веќе покажавме дека можеме да го удвоиме за само една година, потенцира Ковачевски.

Според него, резултатите од мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи веќе даваат ефекти и тоа ќе се потврди преку новите податоци за нивото на инфлацијата.

„Мислам дека тоа ќе се случи денес или утре. Јас лично очекувам дека инфлацијата во однос на претходниот месец нема да биде повеќе од еден процент и во однос на лани за истиот месец под четири проценти“, нагласи премиерот.

Тој рече дека списокот на производи со „загарантирана цена“ ќе се прошири. Тој рече дека очекува дополнително намалување на цените со предложениот закон за нелојална трговија, кој вклучува 26 нефер трговски практики.