Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година – се подготвуваме

СДСМ има и државнички и државотворен капацитет, отворена е за секого и секогаш без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на активности, меѓутоа клучна цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, рече во интервју за Сител Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за последните внатрепартиски настани и активности.  – Вие доколку ја погледнете сликата од самиот состанок забележавте дека таму имаше 3-ца премиери всушност. Еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешен генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата – луѓе кои имаат големо искуство и партиско но и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следат како активности, меѓутоа целта клучна е како што беше објавено е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски. Формирани се и комисиите на СДСМ, предводени од заменик претседателката Сања Лукаревска коишто веќе работат на подготовка на програмата, додаде Ковачевски-Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година, меѓутоа сметам подготовката на програмата на СДСМ е еден процес во којшто ќе бидат вклучени, покрај партиските комисии и општински организации, пред се и граѓаните. Следуваат активности кои веќе започнаа преку програмски трибини на СДСМ во различни области кои се однесуваат на предлози и идеи од различни заинтересирани групи, целни групи и граѓани кои подоцна ќе бидат вградени во текот на изработката на самата програма за 2024 година, рече претседателот Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.