Ковачевски: Кандидатот на СДСМ ќе победи на претседателските избори затоа што граѓаните не сакаат нова изолација
Победата на СДСМ и Европскиот фронт на претседателските избори наредната година ќе биде првиот пораз на антиевропскиот концепт. Кандидатот на СДСМ ќе победи на претседателските избори. Затоа што граѓаните не сакаат нова изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност, истакна премиерот Димитар Ковачевски на народниот собир во Прилеп, с.Селце.
Тој додаде дека со победа ќе се обезбеди правецот по којшто се движи земјата да остане на европските шини, на вистинскиот пат и посочи дека победата на СДСМ и Европскиот фронт на парламентарните избори и формирање на новата проевропска Влада токму од СДСМ ќе биде вториот пораз на антиевропските политичари.
„Затоа што граѓаните сакаат европска иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина. За напредна, богата, силна, европска Македонија“, заклучи Ковачевски.