Ковачевски: Министрите работат на сите опции за усогласување на платите на функционерите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека министрите за труд и социјална политика, финансии, администрација и информатичко општество, правда и вицепремиерот за економски прашања веќе работат на сите опции околу платите на функционерите.

Откако ќе завршат анализите, ќе бидат презентирани на седница на Владата“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски, кој денеска учествуваше на отворањето на форензичката лабораторија во Министерството за внатрешни работи, истакна дека во однос на ова прашање треба да се земат предвид сите аспекти на независните власти во државата.

„Овој проблем е веќе регулиран во седум, а не само еден закони и ќе треба да ги земат предвид сите аспекти на независните власти во државата за регулирање на платите и за моделот што ќе се спроведува. Штом завршат со анализите и со предлогот, министрите ќе дојдат на владина седница и ќе можат да се произнесат, а потоа предлогот ќе биде испратен до Собранието“, рече Ковачевски.