До понеделник во Скопје ќе биде отворен нов пункт за размена на лични документи

„Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза на регулирање на дополнителната точка која мора да биде ставена во функција за издавање на лични документи.

Ова денеска го рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој истакна дека до сабота мора да завршат сите подготовки на просторот за да можат вработените да почнат со работа, а граѓаните да бидат опслужени“.

„Веќе очекувам од сабота или понеделник, во зависност од тоа како ќе бидат подготвени, да можат да го стават објектот во функција, со тоа што го подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на некој начин да имаме добра динамика за граѓаните. Така што, од една страна, на сите домови за стари лица им е дадена можност да се претстават и во дел од нив целосно завршија со примањето податоци за издавање на нови лични документи“, рече Спасовски.