Ковачевски на Самитот во Талин: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет
Триесет години Северна Македонија работи на дигитализацијата, од првиот ден на нејзината независност. Ние сме предводници во регионот во сегментот на телекомуникациите и поврзувањето и сме прва земја што брзо ги замени аналогните со дигиталните системи. Кај нас моментно 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет, а 91 процент од компаниите користат различна технологија и широкопојасен инренет, рече премиерот Димитар Ковачевски на Талинскиот дигитален самит 2023 во Естонија.
Ковачевски, кој се обрати на отворањето на Самитот, потенцира дека пред 30 години земјава ја иницираше и ја изгради дигиталната Трансбалканската линија со операторите од Турција, Бугарија, Албанија и Италија, обезбедувајќи комукникациско поврзување Исток – Запад.
-Со тоа ја отворивме вратата за широка соработка на економиите. Но, не сопревме тука. Ја поддржавме решеноста да изградиме оптика за секој дом. Лидери сме и во воведувањето на 5Г технологијата на пазарот. Создадовме инфрастурктура за дигитално поврзување. Ги елиминиравме и трошоците за роаминг во регионот, правејќи чекор напред кон ЕУ, истакна премиерот.
Тој посочи и дека Северна Македонија годинава ја воведе АДА, првиот асистент за вештачка интелигенција што им помага на компаниите при аплицирањето за владина поддршка.
-Само во првите 48 часа од воведувањето, АДА опслужи над 1 300 граѓани. Во процес сме на формирање агенција за дигитализација за брза и ефиаксна дигитална трансформација која ќе биде фокусирана на четирите столба: сајбер безбедност, ИТ инфраструктура, софтверски решенија и академски дел, подвлече Ковачевски.
На Самитот учествуваат лидери на држави, претставници на ЕУ, телекомуникациски и tech компании и граѓански организации. Клучните теми на кои ќе се разговара на Талински дигитален самит 2023 се предизвиците и можностите во дигиталната ера, како и освежување на агендата на демократијата и технологијата, исцртувајќи го патот кон посилна отпорна, респонзивна и отворена иднина. Целта на Самитот е суштински придонес кон глобалниот дискурс околу градењето на отпорни модерни демократии.
Во рамки на учеството на Самитот, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерална средба со премиерката на Естонија, Каја Калас